За правилата на доделување

GLN правилата за распределба се организирани според четири главни употреби: правно лице, физичка локација, функција и дигитална локација. Овие четири главни употреби не се исклучуваат меѓу себе и во случај кога GLN-от идентификува повеќе локациски типови сите соодветни правила треба да се променат (Видете ги правилата под 1.3).

Два вида на правила се дефинирани:

  1. Структурни правила кои ги дефинираат главните принципи на GLN доделувањето.
  2. И акциони правила кои дефинираат како GLN правилата за доделување треба да се применат кога настануваат организациски промени .

Како дел од акционите правила дадено е кратко резиме за нив:

  • Нов GLN, како резултат на правилото нов GLN е доделен.
  • Ист GLN, како резултат на правилото веќе постоечкиот GLN се употребува.
  • Неактивен GLN, како резултат на правилото постојниот GLN се деактивира. Трговските партнери се информирани за тоа дека GLN-от не може да се користи во нови трансакции. GLN-от може да се користи само кога имаме повикување на претходни трансакции.

За упатствата

 

Глобалниот локациски број (GLN) е GS1 идентификационен клуч кој што се користи за идентификација на било која локација (физичка, дигитална, функционална и/или правна) која што треба да биде идентификувана за потребите на синџирот на снабдување. GLN идентификациониот клуч може да се користи во различни организации кои имаат различно ниво на комплексност вклучувајќи компании со едно лице до мултинационални компании со стотици локации, неколку правни лица и поддржани од различни IT системи.

Целта на ова упатство е да обезбеди насоки за тоа како организациите можат да го користат GLN за ефикасно идентификување на компании и локации на трговските партнери со цел – подобрување на синџирот на снабдување, логистичкиот и менаџментот со инвентар, како и други бизнис процеси. Ова упатство е од корист кога GLN-ите се доделуваат за прв пат и за време не целиот животен циклус на организацијата

Во помалку комплексните организации само еден или неколку GLN-а ќе бидат доделени, често идентификувајќи различни видови на локациски типови. Првиот дел на ова упатство се однесува на обезбедување на насоки токму за овој вид на организации.

Во повеќе комплексните организации, повеќе GLN-ни ќе бидат доделени за идентификација на различни видови на локации. Вториот дел од ова упатство обезбедува бројни примери од имплементација на овој идентификационен клуч во повеќе комплексни сценарија. Делот 2  e организиран според деловните процеси и индустриски сектори илустрирајќи сценарија од овој вид на индустрии.