1.1.1: Идентификување на правни лица

Правило за структура

Правни лица се сите форми на правна конструкција организирана според прописите на државата (трговски друштва, институции, установи, здруженија и други организации) со утврдени права и обврски, кои својството на правно лице го стекнуваат со денот на нивната регистрација во соодветен надлежен регистар.
На правното лице треба да му се додели сопствен GLN кога неговото име и/или адреса и/или регистарски број е различен од друго правно лице и постои деловна потреба за идентификација на правното лице низ организациите.
Покрај основните информации име, адреса и регистарски број GLN-от може да се поврзи и со други контакт детали (адреса за посета, адреса на електронска пошта, телефонски број итн.), даночен број (пример, ДДВ број) и информации поврзани со жиро сметката.

Образложение

Трговските партнери треба да бидат во можност да ги разликуваат правните лица едни од други.

Примери