1.1.2: Идентификација на функција

Правило за структура

Функција е организациска под дивизија или оддел кој што има точно одредена задача, како што е дефинирано во организацијата.
На функцијата мора да и биде доделен сопствен GLN кога нејзината деловна цел е различна или повеќе специјализирана од останатите функции и има деловна потреба за идентификација на оваа функција низ организациите.
Информациите поврзани со GLN-от на функцијата ќе содржат податоци поврзани со правното лице и можат да содржат и контакт детали ( адреса, електронска пошта, телефонски број итн.), даночен број (пример, ДДВ број) и податоци за сметката на корисникот.

Образложение

Трговските партнери треба да можат да ја разликуваат функцијата од други функции.

Забелешки

Доколку не се дефинирани функции, GLN-от на правното лице се сумира дека ги претставува сите функции на организацијата

Примери

Компанија со 3 одделенија кои немаат потреба од посебна идентификација, затоа сите користат ист GLN A (GLN-от на правното лице).
Компанија со 3 одделенија, едно одделение од нив се идентификува со посебен GLN B. Сите останати оддели користат ист GLN A (тоа е GLN-от на правното лице), бидејќи не е потребна посебна идентификација на истите.
Два товарни брода на иста компанија, идентификувани како продукти за потребите на нивна следливост.