1.1.3: Идентификација на физичка локација

Правило за структура

Физичката локација е локација (област, структура или група на структури) или област во рамките на една локација каде имало, има или ќе има лоцирано нешто.
На физичката локација треба да и биде доделен сопствен GLN кога пристапната адреса до неа е различна од останатите физички локации и пости деловна потреба да се идентификува таа физичка локација низ организациите.
Физичка локација која е сместена во рамките на друга физичка локација може да добие свој сопствен GLN (пример, автомат за храна и пијалаци, рафт во магацин итн.).
Информациите поврзани со GLN-от на физичката локација ќе содржат податоци за правното лице и дополнително може да содржат контакт детали (поштенска адреса, електронска пошта, телефонски број итн.), намена на локацијата (пример, магацин, канцеларии), работно време итн.

Образложение

Трговските партнери треба да ги разликуваат физичките адреси една од друга.

Примери

Пример