1.2.1: Идентификација на физичка под локација

Правило за структура

Физичката под локација е специфично место во рамките на физичката локација. Примерите опфаќаат катови од градба, соби, локации на рафтови и локации околу градби, како дворови.
GLN + GLN компонентата за проширување може да се користи за идентификација на области во рамките на една физичка локација, идентификувана со истиот GLN.

Образложение

Во апликациите за следење на инвентар често е потребно да се има видливост за движењата на инвентарот низ внатрешните локации на правното лице. GLN + GLN компонентата за проширување овозможуваат идентификација на вакви локации без да се доделува посебен нов GLN на секоја локација.

Забелешки

■ Главниот „мастер“ податок (пример, поштенска адреса) е идентична за сите под локации кои се идентификувани со GLN компонента за проширување, бидејќи оваа компонента е дефинирана на GLN ниво. Доколку под локацијата има различен главен „мастер“ податок, тогаш на таа локација треба да се додели нов, сопствен GLN.
■ Кога под локацијата се користи за деловна соработка со трговски партнери, тогаш таа под локација мора да добие свој сопствен GLN. Видете го исто така правило 1.2.2

Примери

Во табелата подолу дадени е илустрација на вредностите на бар кодовите и EPC URN форматот, базиран на GLN A со вредност 9501101530003:

(414)9501101530003(254)1 ==> urn:epc:sgln:950110153.000.1
(414)9501101530003(254)2 ==> urn:epc:sgln:950110153.000.2
(414)9501101530003(254)3 ==> urn:epc:sgln:950110153.000.3
Итн. Итн.