1.2.2: Трансакциона употреба на GLN компонента за проширување

Правило за структура

GLN компонентата за проширување може да се користи во трансакциски операции само и само кога постои заеднички договор меѓу сите деловни партнери кои се опфатени од спомнатите трансакциски операции и доколку трансакцискиот стандард кој се користи поддржува GLN компонента за проширување.

Образложение

GLN компонентата за проширување e опционална GLN функција за делење на физичката локација според интерните правила за таа локација. Не сите деловни партнери се во можност да ги разликуваат локациите користејќи ја оваа GLN компонента за проширување во нивните трансакциони системи (пример, управување со нарачки, ERP). Слично на претходно искажаното, трансакционата поддршка на GLN компонентата за проширување е ограничена или воопшто не е достапна во овој момент. Ова правило ја поддржува употреба на GLN компонентата за проширување (само доколку постои заеднички договор) и го признава потенцијалот кој што може да биде поддржан во идните трансакциони стандарди каде деловните побарувања ќе го оправдаат нејзиното воведување како отворен стандард.

Примери

Во овој пример, илустриран е пример кога добавувачот сака да достави роба до одредена порта на магацинот. Бидејќи не постои поддршка во трансакцискиот систем и не постои стандард, не е препорачливо да се користи GLN компонента за проширување во овој случај. Препорачлива е употреба на посебен GLN за секоја порта на магацинот.