1.3.1: Дозволени комбинации каде може да се комбинираат различни типови на локации со еден ист GLN

Правило за структура

Ист GLN може да биде доделен на:
■ Едно исто правно, лице и/или
■ Една функција, и/или
■ Една физичка локација, и/или
■ Една физичка локација.

Каде сите претходно спомнати комбинации мора да претставуваат едно правно лице.

Забелешка: GLN-от доделен на едно правно лице може исто така да се користи за идентификација на сите функции на таа организација (или за функции за кои не е доделен посебен GLN). Видете секција 1.3.2 за повеќе информации.

Образложение

Некои компании функционираат на тој начин што не е потребно организационо или физичко одделување на посебни под локации.

Забелешки

Кога еден GLN идентификува повеќе типови на локации, сите поврзани правила треба да бидат применети. Кога организацијата стане поголема и покомплексна, користењето на еден GLN за означување на повеќе типови на локации може да предизвика непотребна зависност. Видете ги правилата 1.3.3 и 1.3.4 за повеќе информации.

Примери

Еден ист GLN се користи за идентификација на правното лице и на физичката локација на организацијата.