1.3.2: Користење на GLN-от на правното лице за означување на функциите на организацијата

Правило за структура

GLN-от доделен на правното лице може да се користи за идентификација на сите функции на организацијата (или за функции за кои не е потребно користење на посебен GLN).

Образложение

Правното лице и функциите дефинираат кој е кој во деловните процеси со таа разлика што функциите се попрецизни индикатори. Некои организации можеби ќе треба да идентификуваат некои функции одделно, но не сите.

Примери

GLN “A” се користи за идентификување на правното лице и сите „други“функции – во конкретниот случај сметководство и логистика. Во процесот на нарачки постои потреба за идентификување на одделот за продажба со нов, засебен GLN “B”.