2.3.3: Влијание врз правното лице при отстранување на поврзаните локации

Нов GLN
Ист GLN
Неактивен GLN

Организациите може да поседуваат неколку правни лица во земјите каде што работат. Кога едно од нивните правни лица престане да функционира, неговиот GLN се деактивира, а GLN-ите на поврзаните локации можат да останат исти. (Види забелешка)

Образложение

GLN-ите на функции, физички локации и дигитални локации секогаш мора да имаат јасна поврзаност со одговорното правно лица. Трговските партнери вообичаено склучуваат договори за соработка за да воспостават вакви линкови, кои ќе бидат ажурирани во случај на отстранување на правното лице.

Забелешки

За да може GLN-ите да останат исти, организација треба да го продолжи и да го одржува договорот за компанискиот префикс или индивидуално доделените GLN. Контактирајте ја GS1 Македонија за повеќе информации.

Примери

Правното лице кое се идентификува со GLN A повеќе не постои. Фабриката преминува во сопственост на друго правно лице кое се идентификува со GLN C. GLN B кој ја идентификува фабриката може да остане ист.