3.1.1: Идентификација на нова функција

Правило за структура

Кога се додава нова функција која што ќе биде вклучена во деловни трансакции, на неа мора да и се додели сопствен GLN доколку истата треба да биде одделена од другите функции во деловните трансакции.

Образложение

Доколку новата функцијата постои паралелно со други функции и е вклучена во трансакции со други организации, мора да биде овозможена уникатна идентификација на истата.

Забелешки

Комбинирана употреба: Новиот GLN не треба да се додели на (ново) правно лице. Новиот GLN може да биде доделен на (нова) физичка локација и/или (нова) дигитална локација.

Примери

Компанијата создава нов оддел за проверка на квалитет.