3.2.4: Промена на детали за сметка

Нов GLN
Ист GLN
Неактивен GLN

Кога настанува промена на деталите за сметка поврзани со дадена функција, GLN-от може да остане ист.

Образложение

GLN-от на функцијата идентификува кој е кој во деловните процеси, битно е да остане ист низ времето за да се обезбеди правилна трансакција и извршување на настани, записи и анализи.

Забелешки

Кога организацијата одлучува да го задржи постојниот GLN, истата треба да се погрижи нејзините деловни партнери преку комуникација да ги дознаат променетите детали на сметката.

Примери

Делот од компанијата задолжен за прилив на средства ja променува банката, па како резултат на тоа се променува и сметката.