4.2.1: Промена на пристапната адреса на локацијата

Нов GLN
Ист GLN
Неактивен GLN

Кога пристапната адреса на физичката локација се промени, потребно е доделување на нов GLN, освен во случаи кога промените се минорни, тогаш GLN-от може да се задржи.

Образложение

Промената на адресата може да биде предизвикана од преселба на нова локација, или преку промена на влезот на локација на таков начин што тоа би довело до промена адресата. Промената на адресата на компанијата ќе има големо влијание врз деловните партнери, додека промената на влезот на локацијата ќе има минорно влијание.

Забелешки

Важно е навременото известување на деловните партнери кога има промена на адреса и во случај кога GLN-от останува ист.

Примери

Продавница е преместена во друга зграда на истата улица.
Зградата останува на истата улица, но влезот е преместен на друга страна или е пременета влезната адреса.