5.1.2: Поделба на дигитална локација

Нов GLN
Ист GLN
Неактивен GLN

Кога дигиталната локација е поделена на повеќе дигитални локации, една од нив може да го задржи оригиналниот GLN доколку истата остане во склоп на истото правно лице и ги зачува основните атрибути. Останатите дигитални локации треба да добијат нови GLN броеви.

Образложение

Бидејќи една од оригиналните дигитални локации останува активна, трговските партнери кои комуницираат со оваа локација не треба да бидат информирани за оваа промена.

Примери

Компанијата инсталира посебен систем за управување со магацин Warehouse Management System (WMS) кој ја превзема функцијата за управување со магацин од ERP решението Enterprise Resource Planning (ERP) system.