Промена на физичките димензии, по било која оска, или промена на бруто тежината за повеќе од 20%, повлекува потреба од доделување на нов GTIN број.
Нов GTIN за:
Item
Повисоко ниво на пакување
Хиреархиско доделување на GTIN
Промена на GTIN бројот настанува на корисничкото пакување на трговската единица или на основното ниво на пакување.
Уникатен GTIN број се доделува на секое ниво на пакување во хиерархијата над потрошувачкото пакување на трговската единица/ над основното ниво.
Пример на деловни сценарија кај кои е потребно доделување на нов GTIN број
Бруто тежината на продуктот се зголемува за 50% од 0.34 кг. На 0.68 кг. Како резултат на промената на материјалот на пакување од пластика во стакло.
Висината на пакувањето на детергентот за перење се зголемува за 40% од 7.6cm на 10.64cm.
Ориентацијата на палета или кутија (нема промена на внатрешната содржина) може да се промени така да една или повеќе оски се променат.
Дополнителни информации
Овој дел на стандардот се однесува само на промени кои настануваат во димензиите и бруто тежината на продуктот. Секоја промена во декларираната нето содржина спаѓа во правилото „Декларирана нето содржина“.
Чести кумулативни промени, без промена на GTIN бројот, преку избегнување на правилото 20% се неприфатливи. Трговските партнери мора да бидат информирани за сите промени на димензиите. Кумулативните промени можат да предизвикаат проблем кај трговските партнери и застој во протокот на продуктот низ синџирот на снабдување.
Локалните, националните или регионалните можат да бараат почеста промена на GTNI броевите. Овие регулативи се со поголема важност од правилата дадени во GTIN стандардот за менаџирање со бар кодови на GS1.