1.1.4: Идентификација на дигитална локација

Правило за структура

Дигитална локација е електронска (не физичка) адреса и се користи за комуникација меѓу два компјутерски система.
На дигиталната локација треба да и се додели сопствен GLN, кога нејзината намена е различна од другите дигитални локации и постои деловна потреба таа локација да се идентификува низ организациите.
Информациите поврзани со GLN-от на дигиталната локација ќе содржат информации за правното лице сопственик на таа локација и може дополнително да содржи податоци за развојниот статус (тестирање, производство), мрежна адреса на локацијата и контакт од систем администраторот (електронска адреса, телефонски број, итн.).

Образложение

Трговските партнери треба да ги разликуваат дигиталните локации една од друга.

Примери

Enterprise Resource Planning (ERP)
Electronic Data Interchange (EDI)