1.3.3: Идентификување на повеќе локациски типови: Влијание на промената на локација

Правило за структура

GLN промената предизвикана од еден тип на употреба ќе влијае и врз другите употреби на GLN.

Образложение

Ова е логично објаснување кое е предизвикано од комбинираната употреба.

Примери

GLN “A” се користи за идентификација на правно лице и на физичка локација. Поштенската адреса се променува, а тоа повлекува потреба од доделување на нов GLN “B” на физичката локација.

Сега организацијата има избор: Доколку организацијата избере да продолжи да користи еден GLN за означување на повеќе локациски типови, тогаш GLN-от на правното лице ќе треба да се промени во GLN “B.”
Доколку организацијата избере да престане да користи еден GLN за означување на повеќе локациски типови, тогаш организацијата ќе продолжи да го користи GLN “A” за означување на правното лице.