1.3.4: Идентификување на повеќе локациски типови: Влијание на локација која повеќе не функционира

Правило за структура

Доколку локацијата престане да постои или се спои, тогаш GLN-от се деактивира, ова ќе влијае и врз другите употреби на GLN-от (правното лице, функциите, физичката локација, дигиталната локација) бидејќи тој GLN повеќе нема да се користи за нови трансакции.

Во некои случаи можно е да се избегне деактивирање на GLN-от и тој да продолжи да се одржува за други локации. На пример, организацијата може да избере да продолжи со употреба на GLN-от за означување на физичката локација, после отстранувањето или спојувањето на функциите на една организација. Сепак доколку правното лице се отстрани, неговиот GLN мора да се исклучи и нов GLN да се додели на новата локација или локации.

Образложение

Ова е логична последица на употребата за означување на повеќе локации.

Примери

GLN “A” се користи за идентификација на одделот за сметководство (функција) и на системот за сметководство (дигитална локација). Системот за сметководство е отстранет бидејќи неговите функции се превземени од ERP системот.

Сега организацијата има избор: може да избере да го деактивира GLN “A” и додели нов GLN “B” на одделот за сметководство, или да го задржи и продолжи да го одржува GLN “A” за идентификација на одделот за сметководство.