2.2.1: Промена на законската рамка

Нов GLN
Ист GLN
Неактивен GLN

GLN на правното лице може да остане ист доколку законската рамка (пример, промена на надлежност и корпорациски вид) под која правното лице работи се промени.

Важно: Се случува некои локални регулативи да бараат доделување на нов GLN на правното лице. Доколку се сомневате во правилноста на вашата одлука, Ве замолуваме да ја контактирате вашата локална GS1 организација, GS1 Македонија.

Образложение

Промената на правната рамка под која што работи правното лице, врши промена на правната дефиниција на правното лице. Релациите со трговските партнери најчесто не се променуваат, но начинот на кој правното лице комуницира со своите деловни партнери може да биде опфатено со оваа промена.

Примери

Компанија A (регистриран под Canada Business Corporations Act) кои се регистрирани во Онтарио, Канада, се преместуваат во провинцијата Алберта, Канада. Компанијата A е под истата надлежност и акт под кој што таа е регистрирана, затоа нејзиниот GLN не се променува.
Компанијата B (регистрирана под Ontario Business Corporations Act сместена во провинцијата Онтарио, Канада се преселува во провинцијата Алберта, Канада. Како резултат на оваа преселба Компанијата В се пререгистрира под (Alberta Business Corporations Act.). Компанија B, како и да е има промена на јурисдикцијата и како резултат на тоа има промена и на законската рамка под која функционира. Во зависност од законската регулатива GLN-от можеби ќе треба да се промени.
Компанијата C (регистрирана под Canada Not-for-profit Corporations Act) постанува профитна компанија и се пререгистрира под Canada Business Corporations Act.

Компанијата C, иако е под иста јуриздикција, но сепак има променета правна рамка под кој што работи, па затоа може да има потреба од промена на нејзиниот GLN.