5.2.4: Промена на статусот на системот (од тест во производство / користење)

Нов GLN
Ист GLN
Неактивен GLN

Кога статусот на системот на дигиталната локација се променува од тест во производство (користење) тогаш е потребно доделување на нов GLN.

Образложение

Важно е деловните партнери да направат разграничување на комуникацијата што се одвива за време на тест периодот и периодот кога дигиталната локација започнува активно да се користи. Ова разграничување може да се направи со користење на различен GLN или со додавање на тест знаменце во заглавието на пораките кои се разменуваат (оваа алтернатива овозможува употреба на истиот GLN и во периодот на тестирање и потоа во периодот на активно користење).

Забелешки

Друг начин на дефинирање на оваа ситуација е: Различни GLN-и се користат за различни околини на системот.

Примери

Различни GLN-и се користат за тест и активно користење
Ист GLN се користи и за време на тестирањето и за време на активното користење. Знаменцето во заглавието на пораката обезбедува правилно рутирање на пораките во однос на околината во која се наоѓа системот.